Утрински Весник
Македонија

Минчев: Балансерот се укинува поради злоупотреби – 43 отсто од административците се од етничките заедници

Img 20240712 Wa0002.jpg

Укинување на балансерот најави министерот за јавна администрација Горан Минчев, соопштувајќи дека оваа дигитална алатка во минатото била предмет на злоупотреби.

Тој образложи дека имало случаи каде етнички Македонци се пишувале Албанци и каде етнички Албанци се пишувале Македонци. Имало и случаи каде припадници на други етнички заедници се пишувале Македонци.

„Јас тоа можам да го конкретизирам и со актуелниот случај, согласно новата систематизација и бројот на вработени во новото Министерството за јавна администрација каде од вкупниот број вработени кои припаѓаат на јавната администрација, 43 отсто се од етничките заедници. Балансерот како дигитална алатка ќе биде укинат. Бројките ќе се однесуваат на резидентното население согласно последниот попис во 2021 година и така ќе се применува и тоа е веќе завршена работа“, изјави Минчев.

Додаде и дека првпат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган да биде дел од МЈА или од Владата.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм