Утрински Весник
Спорт

Милвоки доживеа бродолом против Бостон, Денвер немоќен без Никола Јокиќ

Милвоки доживеа бродолом против Бостон, Денвер немоќен без Никола Јокиќ
Dik 300x250 mk

Милвоки Бакс мина лошо во пресметката на двете најдобри екипи на Истокот. Бостон Селтикс на гости го растури тимот на Јанис Адетокумбо со 140:99 и му го загрозува првото место. Милвоки сега има 55 победи и 22 порази, а Бостон е на втората позиција со 53 триумфи и 24 порази. До крајот на регуларниот дел има пет кола.

dobivaj vesti na viber

Бостон поведе со 22 поени разлика (30:52) уште пред полувремето, а во ист стил продолжи до крајот на мечот, па Милвоки претрпе вистинска катастрофа.

Џејсон Тејтум со 40 поени беше најефикасен во Бостон, а Браун додаде 30 поени. Кај Милвоки најпрецизен беше Јанис Адетокумбо со 24 поени.

Денвер е најдобриот тим во Западната конференција, но без српскиот центар Никола Јокиќ загуби дома од Њу Орлеанс со 88:107.

Брендон Инграм го заокружи натпреварот со трипл-дабл, односно со 31 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Денвер останува најдобар на Западот со три победи повеќе од второпласираниот Мемфис.



Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата