Утрински Весник
Македонија

Милошоски: Силјановска има огромна предност пред Пендаровски кој што имаше сериозни потфрлувања особено во пополнувањето на амбасадорските места 

Antoni O Miloshoski.jpg

Во вечерашната емисија „24 Отворено” на ТВ 24 гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој што истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е кохезивна, обединета и гласачите сакаат да се случи промена во власта, а професорката Силјановска има голема предност пред Пендаровски кој се покажал како неуспешен во реализацијата на ветувањата од претходната кампања.

„Сега имаме четири кандидати кои што произлегуваат од тој таканаречен европски фронт. Пендаровски, Таравари бидејќи беше во коалиција со нив, Бујар Османи, и четвртиот може да се смета за таков Максим Димитриевски. ВМРО-ДПМНЕ остана обединета, кохезивна и сметам дека желбата да се води државата во подобра насока ќе ги доближи ставовите  и на партиите и на гласачите во вториот изборен круг. Тие што сакаат да се случи промена мислам дека ќе сакаат да се случи промена на власта и во собранието и во владата и во претседателската вила. Нам би ни направило голема услуга доколку ДУИ после првиот круг повика да се гласа за Пендаровски. ДУИ нема многу добра репутација. Сметам дека професорката Силјановска има предност. Затоа што работата на Пендаровски може да се оценува. И таа оценка според мене не е задоволителна. За неговата кампања 2019 година кога зборувајќи за договорот за добрососедство со Бугарија и претходно склучениот договор со Грција тој кажа кон гласачите дека веќе Македонија нема никакви отворени прашања со соседите, оди напред, и не само што оди напред и нема блокади туку дека Грција и Бугарија сега ја поддржуваат Македонија активно за зачленување во ЕУ за само неколку години подоцна ние да видиме дека Бугарија е земјата која што го стави првото второто па и натаму третото вето за Македонија да не може да ги отпочне преговорите за членство. Затоа сметам дека таквото поведение на Пендаровски дава сигнал дека тој во кампања и ветувања е добар но во однос на реализацијата на тоа што го ветил се гледа дека не постигнал успех”, нагласи Милошоски.

Милошоски посочи дека Пендаровски сериозно потфрлил во неколку наврати меѓу кои и именувањата на амбасадори и оставањето на празни амбасадорски места по неколку години како што беше тоа случај со амбасадорското место во Вашингтон.

Можете да прочитате

Уапсен гостиварец баран со потерница за издржување казна затвор

РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното

Пукал на семејна веселба и повредил три лица, приведен маж од кичевско