Утрински Весник
Македонија

Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

Miloshoski.jpg

Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во интервју на Алфа, истакна дека опозициската СДС, се соочува со недостаток на политичка насока, проследена со зголемена агресивност во јавниот дискурс како и внатрешна несигурност.

,,Во моментов раководството на СДСМ, нема политички компас на делување. И тоа не го говорам само за нивниот однос кон владејачкото мнозинство, туку го говорам и кон нивните сопствени поистакнати членови во рамките на СДСМ. Секој којшто има различно мислење, без разлика дали е претставник на власт, на собраниско мнозинство или на дисиденти од редовите на СДСМ, наидува на жестока критика, омаловажувања, агресивен речник“, вели Милошоски.


Тој посочи дека според него раководството на СДС се чуствува несигурно поради, како што вели тој, некои можни истраги, предистраги или предмети од страна на надлежните државни органи.

,,СДСМ никогаш не била толку агресивна како што е денес, и со вокабуларот и со пристапот кон било кој поинаку размислувачки новинар, политичар, функционер или истакнат член на СДСМ“, истакна Милошоски.

Тој вели дека очигледно е оти Венко Филипче се појавува како јавно лице на СДСМ, но според тонот и речникот може да се насети дека вистинското влијание доаѓа од други актери во позадина. Како што посочува Милошоски, некој друг го има далечинското во рацете.

,,Венко Филипче само номинално е претседател на СДСМ, а суштински гледаме дека не ги креира политиките на оваа, до пред извесно време, битна политичка партија во Македонија“, заклучи Милошоски.

Можете да прочитате

Од „Стави појас“ до заштита од семејно насилство – МВР со серија едукативни активности во повеќе градови

Зимата нагло ни се враќа: На планините на Балканот и до еден метар снег

Почина Гоце Контевски, доајенот на македонското новинарство