Утрински Весник
Македонија

Милошоски: Македонија треба да има современ државен грб, а не да сме во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола

Drzaven Grb 860x583 1.png

Македонија треба да има современ државен грб и со неговата симболика да биде дел од европското друштво на држави, а не во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола, смета Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието.

-Ако зборуваме за современи државни обележја, засновани на одредена објективна хералдика, тогаш навистина Македонија не сметам дека би требало да остане во друштво со Белорусија, со Таџикистан и со Ангола. Ова се меѓу ретките земји во светот коишто се уште имаат советска симболика по однос на државните грбови. Сметам дека Македонија има и добро историско наследство, кое може да ги поврзе и АСНОМ, и Илинденскиот период, и претходните периоди на нашата заедничка држава, и тоа да се отслика во еден современ државен грб којшто би бил подобар и би ги одразувал на еден поквалитетен начин определбите на Македонија, и во таа симболика да биде дел од европското друштво на држави, изјави Милошоски.


Негираше дека е дефоксуирање од економската криза или е поврзано со претстојните Локални избори отворањето на темата за промена на државниот грб во овој момент, 11 години од претходната иницијатива, посочувајќи дека дискусијата не е временски ограничена.

-Не би го поврзувал со Локалните избори, а во однос на економија се работи на соочување со тие предизвици и привлекување повеќе инвестиции. Но, иницијативата треба да отвори дијалог преку кој би стигнале до консензус во одреден период, без ограничувања дали ќе се случи за три, шест или девет месеци од сега. Добро е да се разговара за оваа тема и таа да биде поткрепена со објективни аргументи, додаде Милошоски, одговарајќи на новинарски прашања пред презентацијата на наоди од анкета за перцепцијата на јавноста за евроинтеграцијата на државава.

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет