Утрински Весник
Македонија

Милошоски: Како држава, подобро е да сме претпазливи кон ветувањата, отколку повторно разочарани

Милошоски за „Бехтел и енка“: Не бараме некој министер да ни го раскажува договорот, го бараме на увид, 10 дена

За да се процени кредибилноста на изјавата на германскиот канцелар Шолц, дека нема да има нови услови од Бугарија освен нивното наметнато барање за измена на Уставот, корисно е да се потсетиме на изјавите на претходната канцеларка Меркел од 2018 и 2020 година, кога исто така од владата во Берлин беа дадени озбилни ветувања за интеграцијата во ЕУ, од кои до денес ниту едно не е исполнето, и покрај болните и изнудени измени на Уставот на Република Македонија, пишува на социјалните мрежи Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

dobivaj vesti na viber

„Затоа, како држава кон ветувањата од ЕУ, подобро е да сме претпазливи, отколку повторно разочарани“, вели Милошоски.

Од партијата на власт, за посетата на премиерот Ковачевски во Берлин истакнаа дека Шолц дал јасни и силни гаранции дека нема нови условувања за Македонија,

Можете да прочитате

Македонска делегација го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ерменија

Ивановска: 170 жртви во Македонија од трагедии се силен повик за будење – народот мора да ја подигне свеста

Притвор за струмичанец, при преглед пронајдена дрога