Утрински Весник
Македонија

Милошоски: Донесениот заклучок од страна на членовите на Судскиот совет за продолжување на мандатот на Весна Дамева е незаконски

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Правен аргумент е членот 8 од Законот за судски совет, таму пишува дека мандатот на претседателот и заменикот претседател на судскиот совет трае само 2 години. Весна Дамева е избрана на 05.12.2022 година и нејзиниот мандат завршува на 05.12.2024 година, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување во дневникот на телевизија Алсат-М.

Милошоски продолжи и додаде дека очекува судскиот совет едногласно да констатира дека мандатот на Весна Дамева на петти декември и завршува и да изберат друг кандидат.

„Судскиот совет треба да биде избор на право и на највисоки судски стандарди, а не прекршител на правото и создавач на правни компликации. Доколку после петти декември членот на судскиот совет Весна Дамева и понатаму продолжи да потпишува решенија и одлуки на судскиот совет како претседател на РСС, тогаш таа прави кривично дело, го крши членот 353 злоупотреба на службена положба и овластување и се соочува со ризик да биде обвинета и да е изведена пред суд”, вели Милошоски.

Милошоски продолжи и додаде:

„Сеуште немаме комплетна слика за тоа што се случува во судскиот совет, зошто? Затоа што во минатиот понеделник тие имале затворен колегиум на којшто донеле заклучок за одредено продолжување на мандатот на Весна Дамева иако судскиот совет со заклучок не може да биде над законската норма од законот за судски совет член 8 и втората работа е што на оние членови на РСС кои гласале за им дозволиле да го потпишат тој записник, а на тие членови кои биле против не им дозволиле да го потпишат тој записник”, кажа Милошоски.

Милошоски истакна дека во судскиот совет има силна поларизација.

„Се гледа дека во судскиот совет има силна поларизација каде оние кои се поблиски до СДСМ и ДУИ како Весна Дамева, Ханиф Зендели и Антоанета Димовска и други веројатно ја водат играта”, кажа Милошоски.

Милошоски вели дека судскиот совет наместо угледна институција таа стана институција на задкулисни игри.

„Судскиот совет наместо да биде угледна институција за судството и јавноста таа стана институција на задкулисни игри и гледаме дека довчерашните „Смртни непријатели” Весна Дамева и господинот Селими сега се најголеми пријатели, но можеби ги поврзуваат одредени судски интереси, бизнис интереси или некој други материјални придобивки”, заклучи Милошоски.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа