Утрински Весник
Спорт

Милосављев повреди двајца играчи на Кадетен, се повреди и беше исклучен

Милосављев повреди двајца играчи на Кадетен, се повреди и беше исклучен

Фуксе Берлин избори пласман на Фајна фоур турнирот во Лига Европа. Тимот од германската престолнина, во реваншот против Кадетен Шафхаузен со победата 30:24 ја надоплни негативата од четири гола.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот во Берлин го обележа поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев. Репрезентативецот на Србија, во текот на натпреварот, повреди двајца играчи на Кадетен Шафхаузен. За вториот старт Милосављев доби црвен картон.

Милосављев имаше неконтролиран пад по судирот со Лукас Хербургер, и го испрати во болница. Неколку минути потоа со нога го собори Зоран Марковиќ, кој од контранапад скокна длабоко во голманскиот простор.

Токму затоа Милосављев доби директен црвен картон, а при „интервенцијата“ го повреди стапалото.

„Никогаш не сум го доживеал ова. Дури двајца играчи завршија во болница по натпреварот“, изјави спортскиот директор на Кадетен, Дејвид Граубнер.

Двајцата играчи беа добро по прегледот и отпатуваа со тимот назад во Швајцарија.



Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари