Утрински Весник
Магазин

Милиони луѓе на американскиот континент со овации го следеа затемнувањето на Сонцето

20240409073425 Big 730x400 77.webp.webp
Dik 300x250 mk

Милиони луѓе вчера го гледаа реткото целосно затемнување на сонцето, кој привремено го затемни денот од Мексико до Канада пред САД.

Луѓето со овации го следеа преносот во живо на НАСА кој се емитуваше од повеќе локации долж патеката на затемнувањето.

Настанот почна на пацифичкиот брег на Мексико во 20:07 часот по средноевропско време. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор уживаше во „незаборавен ден“ во крајбрежниот град Мазатлан.

Патеката потоа почна да ја минува првата од 15-те погодени американски држави, од Тексас до Мејн, по што се упати кон источна Канада, каде што го заврши своето патување. Севкупно, сенката на Месечината помина над Америка за околу 90 минути.

Настанот, исто така, претставува економска можност за многу туристички региони, како и за научниците кои го проучуваат Сонцето.

– Целосното затемнување е еден од најемотивните настани што човек може да ги доживее, изјави астрономката на НАСА, Џејн Ригби.

– Бидете присутни. Заборавете на апаратите. Не обидувајте се да го снимате. Само бидете присутни. Впијте го. Плачете. Смејте се, ги повика таа своите сограѓани.

Целосните затемнувања се случуваат кога Месечината доаѓа директно помеѓу Земјата и Сонцето, привремено блокирајќи ја светлината на нашата ѕвезда среде бел ден.

Сонцето е околу 400 пати поголемо од Месечината, но и 400 пати подалеку, па изгледа дека двете ѕвезди се слични по големина.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство