Утрински Весник
Спорт

Милевски за тестовите со Хрватска и Чешка повика 27 фудбалери

20240522120030.jpg

Македонсклата фудбалска репрезентација на почетокот од јуни ќе им биде спаринг-партнер на соодветните селекции на Хрватска и Чешка кои ќе се подготвуваат за настап на Европското превенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одигра во Германија. Најпрво на 3 јуни „црвено-жолтите“ ќе гостуваат во Риека против Хрватска, а седум дена потоа во Храдец Кралове и на Чешка. За овие контролни средби македонскиот селектор Благоја Милевски денеска објави список од 27 фудбалери. На списокот се наоѓаат овие фудбалери:

ГОЛМАНИ: 
Столе Димитриевски – Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан Шишковски – Арарат, Ерменија, Игор Алексовски – Работнички, Дејан Илиев – Сараево, БиХ

ОДБРАНА: 
Висар Муслиу – Падерборн, Германија, Тодор Тодоровски – Политехника Јаши, Романија, Никола Серафимов – Фехервар, Унгарија, Јован Манев – Адана Демирспор, Турција, Езѓан Алиоски – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан Димовски – Акрон Тољати, Русија, Ахмед Иљазовски – Хвидовре, Данска, Стефан Ашковски – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко Зајков – Крајова, Романија , Дарко Велковски – Динамо Букурешт, Романија; 

СРЕДЕН РЕД: 
Енис Барди – Трабзонспор, Турција, Јани Атанасов – Краковија, Полска, Агон Елези – Бохум, Германија, Тихомир Костадинов – Пјаст Гливице, Полска, Давор Здравковски – Медервел, Шкотска, Елиф Елмас – Лајпциг, Германија, Исник Алими – Сепси, Романија, Димитар Митровски – Вараждин, Хрватска; 

НАПАД: 
Бојан Миовски – Абердин, Шкотска, Милан Ристовски – Бохемианс 1905, Чешка, Дарко Чурлинов – Шалке, Германија , Александар Трајковски – Хајдук, Хрватска, Лирим Ќамили – Хвидовре, Данска;  Собирот на репрезентацијата на Македонија е закажан за 27. мај (12 ч) во Скопје.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари