Утрински Весник
Спорт

Милевски го повика Исник Алими во репрезентацијата на Македонија

Милевски го повика Исник Алими во репрезентацијата на Македонија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Исник Алими, фудбалерот од средниот ред на романскиот клуб Сепси е нов фудбалер кој е повикан во А репрезентацијата на Македонија, објави ФФМ на официјалниот веб сајт. Поранешниот фудбалер на италијанските Аталанта, Виченца, Шибеник од Хрватска и азербејџански Габала, денеска се става на располагање на нашиот најдобар национален тим.

dobivaj vesti na viber

Алими е стандарден фудбалер на романскиот Сепси и со одличните настапи за својот клуб се наметна како профил на играч кој може да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред од нашата репрезентација.

Во минатото, Алими настапуваше на официјални квалификациски турнири за младинските репрезентации на Македонија до 17 и до 19 години.

„Алими бележи одлични игри во романското првенство со Сепси. Неговото искуство и формата во која се наоѓа може само да ја зголеми конкуренцијата во нашиот тим и да ни донесе дополнителен квалитет“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Исник Алими денеска во 18.30 часот ќе го има првиот тренинг со А репрезентацијата на Македонија.

 

Можете да прочитате

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот