Утрински Весник
Свет

Милановиќ ги повика ОН да го признаат Косово; Вучиќ: Жабата виде дека коњот се потковува…

Милановиќ ги повика ОН да го признаат Косово; Вучиќ: Жабата виде дека коњот се потковува…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се потсмеваше на повикот на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој побара на Генералното собрание на ОН да се признае независноста на Косово, и ја критикуваше меѓународната заедница дека нема исти стандарди за територијалниот интегритет на Србија и Украина.

dobivaj vesti na viber

Во својот говор во ОН, Милановиќ изрази загриженост за последните настани во односите меѓу Косово и Србија и повика на деескалација на тензиите, но и на универзално признавање на Косово како рамноправен член на меѓународната заедница.

„Еве, ги гледам овие 100 земји наредени да го слушаат Милановиќ, сите се туркаат. Таму велат: „Милановиќ не покани, па ние стоиме да потпишеме за независно Косово“, „Жабата виде дека коњот се потковува, па и таа имаше нешто да каже по тоа прашање“, ја цитираат белградските медиуми, изјавата на Вучиќ во Њујорк по прашањето како го коментира повикот на Милановиќ.

Во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН, Вучиќ истакна дека пред 15 години западните земји „брутално ја прекршиле Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“ со бомбардирање на територијата на тогашна СР Југославија и дека денес повикуваат на важноста за зачувување на територијалниот интегритет, алудирајќи на Украина и поддршката што ја има во меѓународната заедница.

Тој рече дека во 1999 година 19 земји извршиле агресија врз Србија и дека сите тие денес зборуваат за територијалниот интегритет на Украина.

„Кога прашуваме за територијалниот интегритет на Србија, одговорот е не се враќајте во минатото, гледајте во иднината…”

Вучиќ рече дека Србија ќе продолжи да го поддржува територијалниот интегритет на таа земја бидејќи не ги менува своите принципи „без оглед на вековното пријателство со Русија“, како и дека го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на сите членки на ОН. Србија одбива да се приклучи на меѓународните санкции против Русија.

„Секое насилство за нас е исто, без разлика кој ќе го изврши. Кога ќе прашаме за територијалниот интегритет на Србија, одговорот е не се враќајте во минатото, гледајте во иднината, бидејќи тоа е единствениот начин за вашата земјата да напредува“, рече Вучиќ.

Вучиќ потсети дека американскиот претседател и во ОН рекол дека најважниот принцип на односите меѓу земјите е почитување на територијалниот интегритет и суверенитет, а во исто време го признава Косово како независна држава, иако е создадено со отцепување.

Вучиќ дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ и поддршка на САД го окарактеризира како монолог на Приштина, нагласувајќи ја подготвеноста на Србија да се „промени и напредува на својот европски пат“.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме