Утрински Весник
Спорт

Милан со разочарувачко реми против Емполи

Милан со разочарувачко реми против Емполи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По блескавата 0:4 победа на гости против лидерот Наполи, Милан повторно се врати на старите навики, одигрувајќи само 0:0 против Емполи за да пропуштат шанса да се искачат на второто место на табелата.

dobivaj vesti na viber

И покрај тоа што неколку пати бараа да биде досуден пенал, ВАР-системот не им помогна на „росонерите“, а посебно беа неефикасни пред голот на Самуеле Перизан, со дури 20 удари без гол. Поседот на топката исто така беше над 60 отсто кај домаќинот, но тоа не направи разлика.

Во 89. минута од мечот, Оливие Жиру ја смести топката во мрежата, но голот беше поништен бидејќи наместо со глава голот го постигна со рака.

Можете да прочитате

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот