Утрински Весник
Спорт

Милан со незгоден пораз на гостувањето кај Торино

Милан со незгоден пораз на гостувањето кај Торино

Торино на Иван Јуриќ стигна до импресивна 2:1 победа на Милан, за да му нанесе удар на актуелниот шампион во борбата да се остане во ритам со засега незапирливите Наполи, кои сега имаат шест поени повеќе од нив на врвот на табелата.

dobivaj vesti na viber

„Росонерите“ беа во нокдаун во пеколни две минути во првото полувреме – Кофи Џиџи во 35. минута успеа да го совлада Татарушану за водство на домаќините, за само две минути подоцна, Русинот Алексеј Миранчук да зголеми на 2:0. Стефано Пиоли реагираше со три замени на полувреме, и Жуниор Месијас успеа да намали на 2:1 во 67. минута.

Милан остануваат на третото место на табелата со 26 поени, еден поен зад Аталанта и шест зад Наполи, а два пред Лацио и Интер, додека Торино со втората победа едноподруго се искачуваат на деветтото место со 17 поени.

(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-42415”));

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина