Утрински Весник
Спорт

Милан лесно со Болоња, Сасуоло избегна пораз од Специја

Милан лесно со Болоња, Сасуоло избегна пораз од Специја
Dik 300x250 mk

Милан забележа лесна победа во дуелот со Болоња, а Сасусло успеа да освои еден бод на гостувањето кај Специја. Ова е епилогот од последните два натпревари кои се одиграа во саботата, во третото коло во Серија А.

dobivaj vesti na viber

Актуелниот шампион, кој играше во чудни дресови, лесно гсе справи со екипата на Синиша Михајловиќ.

Клучен човек за Милан беше Португалец Рафаел Леао. Погоди за 1:0 во 21. минута по додавањето од Де Кетеларе.

Вториот гол беше дело на францускиот ветеран Оливие Жиру. Асистент беше Леао.

Сасуоло поведе против Специја преку Фратези во 27. минута, потоа со головите на Бастони и Нзола во 30. и 45. минута, домашниот тим направи целосен пресврт.

Бод на Сасуоло му донесе Пинамонти во 50. минута.

Специја во 81.минута, кога Екдал го доби вториот жолт картон остана со играч помалку на теренот.



Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата