Утрински Весник
Спорт

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал

Ac Milan V Real Madrid Pre Season Friendly 10.jpg

Богата програма во текот на ноќта низ Америка, се одиграа пет натпревари од кои два привлекоа големо внимание на фудбалските фанови.

Милан успеа да го победи актуелниот шпански и европски првак, Реал Мадрид. Единствениот гол го постигна Самуел Чуквезе. Мадриѓаните беа безопасни, Анчелоти играше со комбиниран тим, без Мбапе и Белингем кои останаа во Шпанија.

Ливерпул го победи Арсенал (2:1) во Вашингтон. Салах и Фабио Карваљо погодија за екипата на Арне Слот. Египќанецот го искористи додавањето на Харви Елиот на стартот на натпреварот, а истиот играч му асиситираше и на Карваљо. Предноста на Ливерпул ја намали Каи Хаверц.

Манчестер јунајтед пред и по мечот со Бетис (3:2), доби неколку лоши вести. Засилувањето Лени Јоро ќе отсуствува три месеци, Хојлунд шест недели, а против Шпанците со повреди се здобија и Рашфорд и Антони.

Натпреварот се играше во Сан Диего, „Ѓаволите“ победија со 3:2, иако губеа на почетокот, израмни Рашфорд чија повреда не е од сериозна природа, па Амад и Касемиро целосно го свртеа резултатот. На крајот Диего Љоренте ги постигна конечните 3:2. По овој триумф Јунајтед го чека уште еден натпревар во Америка, против Ливерпул викендов.

Во Атланта, Челзи лесно го победи мексиканскиот тим Клуб Америка. Нкунку од пенал погоди во третата минута, Шпанецот Гују со глава кон средината на првото полувреме ја удвои предноста на „Сините“. Во продолжение Нони Мадуеке од уште еден пенал ги постави конечните 3:0 за Челзи.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари