Утрински Весник
Магазин

Мила Кунис: Стоечките овации за „Оскарот“ на Вил Смит беа бесмислени

Мила Кунис: Стоечките овации за „Оскарот“ на Вил Смит беа бесмислени

Мила Кунис не може да ги сфати луѓето кои му аплаудираа на Вил Смит за „Оскарот“ откако претходно му удри шлаканица на Крис Рок.

dobivaj vesti na viber

Повеќе имиња од шоубизнисот, од филмски ѕвезди како Бредли Купер, Тимоти Шаламе, Бенедикт Камбербач и Џејсон Момоа до познати режисери како Пол Томас Андерсон, Кенет Брана и Џејн Кемпион, сите станаа на нозе за да му аплаудираат на Вил кога ја доби златната статуетка.

Меѓутоа, Мила (39) и нејзиниот сопруг Ештон Качер (44) беа на свеченоста и одбија да станат – а за новата насловна сторија на Magazine C таа ги критикува луѓето што го направија тоа.

Мила останува на својата одлука да не застане да му аплаудира на Смит на свечената церемонија – дури и кога тоа го направија мнозинството присутни.

„Стоечките овации, според мене, беа бесмислени“, рече Мила Кунис за аплаузот што Вил Смит го доби за златната статуетка за најдобар актер речиси половина час откако го удри Крис Рок на сцената.

Ѕвездата на „Најсреќна девојка на светот“ и нејзиниот сопруг Ештон Качер присуствуваа на доделувањето на „Оскарите“ на 27 март, кога Смит стана од своето место, се качи на сцената и го удри Крис Рок поради шега за избричента глава на неговата сопруга Џеда Пинкет Смит.

Набрзо потоа, Смит ја освои наградата за најдобар актер за улогата во „Крал Ричард“ и одржа говор исполнет со солзи додека многу присутни станаа да му аплаудираат.

Кунис за новата насловна сторија на магазинот изјави дека била вчудоневидена од тоа колку луѓе во публиката застанале зад него во текот на неговиот говор по инцидентот.

„Идејата да водите со пример има смисла само кога навистина имате кого да водите. Имаме нашето мало племе дома и никогаш нема да им кажам да направат нешто што јас не сум вољна да го направам,“ изјави мајката на две деца.

„Можеби не беше паметно да не станете, но она што беше шокантно за мене е колку луѓе станаа“, рече Кунис. „Си помислив: леле, во какво време живееме… наместо да го правиме она што е правилно, луѓето се фокусираат на тоа да го прват она што изгледа добро. Мене тоа ми е лудо.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста