Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Михаилов: Комбе фатено со бесправни дрва, судот го враќа и повторно одземено во нова акција

Img 8261.jpeg
300x250 opst2

Комбе кое претходно беше одземено при превоз на нежигосани и бесправно посечени дрва, а кое пред околу еден месец судот го вратил на сопственикот, повторно е одземено во нова акција на „Национални шуми“ во Прилеп.

Според објавата на Кире Михаилов, заменик-директор на „Национални шуми“, возилото било пронајдено во шумскиот склад на подружницата „Црн Бор“ – Прилеп и по вчерашната контрола повторно е одземено како доказ за кражба и нелегален превоз на огревни дрва.


„Комбето кое го гледате на сликава пред извесен период било одземено при превоз на нежигосани и бесправно посечени дрва во Прилеп… пред околу еден месец од страна на судот беше вратено. Сега, по нова кражба, повторно го одземавме,“ пишува Михаилов во својот статус.

Тој во објавата поставува и отворено прашање до правосудните органи: за колку време судот повторно ќе го врати возилото на истиот осомничен дрвокрадец, дозволувајќи повторно нелегални сечи и принудувајќи ги шумарските служби постојано да интервенираат. „Дајте не се заебавајте со нас и со сите граѓани… кој кого овде заебава?“ вели заменик-директорот, додавајќи дека довербата во системот е сериозно разнишана.

Можете да прочитате

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна