Утрински Весник
Македонија

Михаил синот на Деко преживеа пекол, сакаше да се убие, а сега е обвинет – одбраната тврди дека е жртва, не сторител

Whatsapp image 2025 12 02 at 13.00.51 2.jpeg

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на третообвинетиот Михаил Јованов – син на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, изнесе сериозни обвинувања дека нејзиниот клиент се наоѓа на обвинителна клупа само поради неговото семејно поврзување, а не поради факти и докази. Таа потсети дека Михаил е една од најтешко погодените жртви на трагедијата во „Пулс“ – во пожарот ја загубил девојката со која бил 10 години, го загубил својот најдобар пријател и самиот се здобил со тешки изгореници од трет степен.

Коцевска откри дека последиците од трагедијата оставиле длабоки психички траги кај Михаил, кој, како што наведе, развил суицидни мисли и морал да работи со психолог за да се стабилизира.

„Кај Михаил има сериозни психолошки нарушувања. Не се почитува презумцијата на невиност. Тој работеше со психолог за да ги отфрли суицидните мисли,“ изјави Коцевска, обвинувајќи дека медиумите и институциите создаваат хајка врз него.

Одбраната тврди дека Михаил не е дел од бизнисот и дека нема ниту еден доказ кој го поврзува со управувањето на компаниите. „Не постои доказ дека учествувал на било кој начин во работата на правното лице. Никогаш не фигурирал како сопственик, управител, ниту како овластено лице,“ нагласи Коцевска, потенцирајќи дека во ваква ситуација одбраната е принудена да докажува невиност, наместо обвинителството да докажува вина.

Сепак, според Обвинителниот акт, Михаил Јованов се товари дека делувал како „фактички управител“ на компаниите поврзани со „Пулс“. Обвинителството тврди дека во периодот од 29.05.2020 до 16.03.2025 година тој „фактички и реално“ преземал активности во работењето на правното лице.

Тој е обвинет за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, а обвинителот смета дека заедно со неговиот татко и другите управители делувал во име и за сметка на фирмите кои стопанисувале со „Пулс“.

Можете да прочитате

Можно е пролонгирање на почетниот датум на казнување со ,,Сејф Сити”

Судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од Уставниот суд

Мицкоски: Ја подржувам идејата за проширување на „Безбеден град” во други градови