Утрински Весник
Скопје

Михајловски: Дали тие што го одобриле горењето на нечиј отпад имаат деца, и дали нивните деца дишат некој друг воздух?

Mv5bmdu0nzhmn2itnwjjyy00mtm4lwi2mdctytdkytg1nmzjntu1xkeyxkfqcgc . V1 Fmjpg Ux1000 .jpg

Актерот Михајловски со вознемиреност и разочараност сподели фејсбук статус во кој го опишува ужасниот мирис на загаден воздух во скопската населба Козле, за време на една од редовните прошетки со кучињата.

„Скопје/Козле завчера околу 23:30 мирисаше/смрдеше на отров. Смрдеше на ‘амбуланта’, на ‘болница’. Смрдеше на смрт“, започнува актерот својот статус, опишувајќи го срамното искуство. „Ги прошетав кучињата 20тина минути. Јакната ми мирисаше на отровот, а и крзното на кучињата мирисаше на истото. Тоа што мирисаше можеше и да се види во воздухот. Како во гасна комора“, додава тој.


Михајловски ја нагласува сериозноста на ситуацијата, истакнувајќи дека деца кашлаат, болниците се полни, а воздухот е токсичен. „Децата ни кашлаат, болниците се полни, се гушиме. И така е 15/20/25 години?“, прашува тој, нагласувајќи дека никој не реагира на алармантната состојба.

Актерот го критикува и системот, кој според него ја нормализира оваа абнормална ситуација, додавајќи: „Никому не му пречи. Можеби континуитетот го нормализира ненормалното, можеби сме заљубени во џелатот, или едноставно сме се ‘навлекле’ на смрадот“.

Во продолжение на својот статус, Михајловски поставува провокативно прашање: „Дали тие што го одобриле тоа, очигледно горење на нечиј отпад, дали имаат деца, и дали нивните деца дишат некој друг воздух?“ Со овие зборови, тој повикува надлежните да ја разгледаат сериозноста на загадувањето на воздухот и да преземат конкретни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Неговата реакција е уште едно потсетување за алармантното загадување на воздухот во Скопје, кој стана сериозен проблем за здравјето на скопјани.

Можете да прочитате

Бесплатен „Wi Fi“ во паркот Јане Сандански во Аеродром

Без струја утре дел од Карпош и Волково

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“