Утрински Весник
Балкан

Мицотакис со порака до туристите: Грција е безбедна дестинација

Micotakis.jpeg

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис смирува дека кризата на Блискиот Исток нема да влијае врз безбедноста на Грција како туристичка дестинација.

Мицотакис изрази надеж дека прекините во воздушниот сообраќај наскоро ќе завршат и дека нормалноста ќе се врати пред главниот шпиц на летото.


„Во моментов немаме индикации дека ќе има некаков негативен ефект врз нашиот туризам. Можеби сме блиску до Блискиот Исток, но сме и на безбедно растојание. Секако би планирал посета на Грција во лето со голем душевен мир“, изјави Мицотакис.

Премиерот потенцираше дека економијата на земјата во голема мера зависи од туристите, па затоа државата прави сè за да ја гарантира нивната сигурност.

Можете да прочитате

Албанија повторно ќе формира РКЕ,  акцизата на горивата ќе ја намалува за 20 отсто

Црна Гор ги намалува акцизите на горивата

Силен земјотрес ја погоди Грција