Утрински Весник
Македонија

Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето со името

20240620103127 Big 730x400 92.webp.webp

Ме прашувате што се случува, ви велам не може да продолжиме вака. Премиерот на Северна Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за радиото „Реал фм“ за ставот на мандатарот за формирање Влада Христијан Мицкоски околу употребата на името Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула и уште еднаш го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го покрене на НАТО Самтитот во првата половина на јули.

-Секако ќе го покренам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање, бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку Договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Северна Македонија дека ќе има големи проблеми, не само во нејзините билатерални односи со Грција, туку и во нејзините односи и во НАТО и со Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка, рече Мицотакис.

Можете да прочитате

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

Ужас во Штип: 14-годишно и 13-годишно дете живеат во вонбрачна заедница

Обвинителство нареди обдукција за починатата родилка