Утрински Весник
Македонија

Мицотакис: Кога некој го влече јажето, треба да биде подготвен да се скине

20240525123732 Big 730x400 68.webp.webp

Пораката дека „европскиот пат на Северна Македонија поминува низ Грција“ и може да остане затворен во случај да не се почитува договореното, ја повтори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Та неа“.

-Кога некој го влече јажето, ќе треба да биде подготвен да се скине. И ако отстапува од договорениот тек, да знае дека ќе наиде на затворен пат кон Европа. Пат кој поминува од Грција и почитувањето на меѓународното право, истакна Мицотакис.

Грчкиот премиер говори за „Та неа“ во поразлично, полично интервју, со оглед на тоа дека новинарката од весникот патува со него до градот Аргос, каде што Мицотакис во четвртокот одржа предизборен митинг.

Мицотакис се осврнува и на подготовките за еден митинг, односно што се случува зад камерите, за сите актуелни теми во Грција, за надворешната политика и односите со соседите, а „Та неа“, интервјуто на насловната страница го најави под наслов „Ако го влечеш јажето, ќе се скине“, односно со пораката што ја испрати до нашата земја.

Можете да прочитате

Зголемување на капацитетите на полицијата, судовите и обвинителствата за борба против загадувањето на животната средина

Собрани над 300 тони отпад од над 18.000 волонтери во Generalka weekend 2024 – најмасовна еко-акција во државата

Мицкоски: Драчево ќе добие ново училиште, на местото на стариот објект изграден пред 100 години – со ребалансот ќе предвидиме шест милијарди денари за општините за нови проекти