Утрински Весник
Свет

Мицотакис им се извини на семејствата на жртвите во несреќата: Не смееме да се криеме зад човечката грешка

Мицотакис им се извини на семејствата на жртвите во несреќата: Не смееме да се криеме зад човечката грешка

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска им се извини на семејствата на жртвите во железничката несреќа во која загинаа 57 лица.

dobivaj vesti na viber

„Како премиер, им должам на сите, особено на роднините на жртвите, извинување“, напиша Мицотакис во пораката до Грците објавена на Фејсбук.

Тој додаде дека во Грција во 2023 година не е можно два воза да одат во спротивна насока по иста пруга и никој да не го забележи тоа.

„Не можеме, не сакаме и не смееме да се криеме зад човечката грешка“ што му се припишува на шефот на станицата, инсистираше лидерот на конзервативците.

Премиерот зборуваше во неделата наутро, кога во Солун, вториот по големина град во земјата каде што живееја многу жртви во железничката несреќа, беа фрлени молотови коктели врз припадниците на полициските единици за да се потиснат демонстрациите, пренесе грчката агенција „АНА“.

Шефот на станицата во Лариса, призна одговорност за катастрофата.

Тој 59-годишен маж, кого медиумите го претставуваат како неискусен денеска ќе се појави пред суд по евентуално обвинение за „убиство од небрежност“, пренесуваат медиумите.

Демонстрантите, според написите, денеска се судрија со полицијата

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп