Утрински Весник
Македонија

Мицковски е човек кој често менува став и нема основно чувство за државност, велат од СДСМ

Мицковски е човек кој често менува став и нема основно чувство за државност, велат од СДСМ

Со оглед на тоа дека Христијан Мицкоски во изминатиот период дијаметрално менува ставови во секоја изјава не гледаме потреба да придаваме преголемо значење, велат од СДСМ на изјавата на Мицковски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стопира сите официјални комуникации со власта.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е одлика на човек кој често менува став и нема основно чувство за државност. Наместо да работи на интеграција, Христијан Мицкоски сака да се прикажува како експерт за изолација и блокади.Мицкоски има право да се изолира себеси, но нема право да ја изолира државата.Неговата штетна политика на одбивање дијалог и обиди за блокади е доказ дека е подготвен и да ја закочи државата, да биде изолирана, само затоа што нема капацитет и не знае да реши ниту еден проблем и предизвик.СДСМ нема да дозволи земјата да изгуби нови 11 години во изолација, како што се случи тоа во времето на шефот на Мицкоски, Никола Груевски,“ стои во партиското соопштение на СДСМ.

„Заедно со коалициските партнери и со сите партии кои се за европска иднина во европскиот блок ќе продолжиме со одговорно и државничко однесување. Ќе направиме се за продолжување на европскиот пат на земјата, да ја внесеме Македонија во ЕУ и да ја релизираме стратешката цел“, дополнија од СДСМ.

Денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги стопира сите официјални средби со власта.

Можете да прочитате

Спасовски: Случајот на Скопскиот аеродром е сериозен безбедносен инцидент и треба да се сноси политичка одговорност

МВР со осуда за оштетувањето на спомен плочата кај „Карпалак“

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведено едно лице