Утрински Весник
Македонија

Мицковски ја става државата во заложништво и подаништво на друга држава

Hristijan1 11072024.jpg

Новото задолжување на државата од 500 милиони евра од Унгарија не е никаква специјална економска соработка туку ставање на државата во заложништво и подаништво на друга држава, сметаат СДСМ.

„Конечно е јасно зошто Мицкоски и неговите соработници секој викенд беа во Будимпешта на консултации кај азилантот Груевски.

Специјалната економска соработка со Унгарија е во насока на презадолжување и политичко заложништво на нашата држава кон друга држава.

Прашуваме каква е улогата на Груевски во оваа зделка?

И на малите деца им е јасно дека позади ваквиот договор се кријат политички интереси кои многу брзо ќе излезат на виделина“, обвинува опозициската СДСМ.

Тие го обвинуваат Мицковски дека Мицкоски во четири очи договара она што ми одговара затоа што за постапката за задолжување нема ниту владина одлука ниту посебен закон за задолжување во Собранието.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика