Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Жените ја заслужуваат сета почит не само на овој ден, туку секој час и секој миг од годината

Byt3euhb1vcc3gg2ktae.jpg

Жените се столбот на едно семејство и на секое општество. Нивната истрајност  и сила се симболот на животот. Затоа ја заслужуваат сета почит на светот, не само на овој ден, туку секој час и секој миг од годината, вели во својот фејсбук статус Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и додава: -Тие се рамни на мажите, а во некои случаи покажале многу поголема храброст и мудрост. Вредноста на едно општество се мери во тоа колку тоа општество е еднакво и дава еднаква можност на сите без разлика на полот, верата и било која припадност. Нашата цел е токму таква Македонија да изградиме, Македонија во која мажите и жените ќе бидат рамноправни и рамноправно ќе се борат за своето место под сонцето, за себе и за својата татковина.

Жената е пример за тоа како се сака и се жртвува една личност за своите животни цели. Жената во Македонија е хероината на денешното време која знае да се бори и таа борба е безрезервна. Пред тоа човек може само да  симне капа и да го следи нивниот пример.

Нека е честит 8-ми Март, нека ви е исполнет со радост, успеси и сила секој ден во вашиот живот.

Можете да прочитате

Спасувач раскажува што се случувало на плажата каде почина младо момче од Македонија

Македонскиот Конзулат во Солун работи на транспорт на телото на македонскиот тинејџер кој се удави во Ханиоти

Бројот на умрени од насилна смрт зголемен за 24%, најмногу од нив се мажи, а најчеста причина несреќи