Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за планот за ублажување на кризата што му го даде на Ковачевски – обврската е реализирана

Мицкоски за планот за ублажување на кризата што му го даде на Ковачевски – обврската е реализирана

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не знае дали Владата и премиерот Димитар Ковачевски ќе го реализираат неговиот план за ублажување на последиците од кризата. Тој смета дека нивните обврски завршуваат со средбата што ја имаше со Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„Обврската што ја презедовме е реализирана. Позициите се предадени. Како што знам, ќе има средби, но каков ќе биде процесот – не знам. Немам намера да се вклучувам во комерцијалниот дел. Има лица што треба да го движат процесот. Го предадовме и предлог-законот за измена на Законот за енергетиката, за миграција на претпријатијата на регулиран пазар. Тоа е она што веднаш треба да се направи“, посочи Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да гради, Владата на ДУИ и СДСМ продолжува да краде.

„Кажав и за чекорите што треба да ги преземе Владата за следната година да не го поминуваме истиот пат што го поминуваме оваа година. Не е време за политика, треба да им се помогне колку може на граѓаните и стопанството. Стопанството е сериозен предизвик“, додаде Мицкоски.

Според него, македонското стопанство, односно фирмите, плаќаат највисока цена на струја во споредба со колегите од регионот.

Можете да прочитате

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани

Трагедија во Тафталиџе: Детето тропало по врати и барало помош

Марта Гусар: Системот не лебди над нас – конкретни луѓе се одговорни за пропустите