Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за барањето за негова оставка поради Кочани: Се злоупотребува болката на родителите

Hristijan mickoski.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан за коментар по последните барања за оставки од него и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кои дојдоа од родител во Кочани.

По последните маршови за ангелите од Кочани, можев да се видам во свој дигитален споменик, со лик испрскан со крв, каде што се води кампања против мене, министерот Тошковски и директорот Јанев.


Мислам дека постојат луѓе на кои најмалку им е грижа за ангелите од Кочани и ја злоупотребуваат трагедијата на родителите што ги изгубија своите деца. За првпат можеби на македонската политичка сцена сведочев на дигитален споменик со мојот лик испрскан со крв. Ако некој смета дека тоа е добра кампања – во ред“, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Левица: Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снајдат за преживување

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март во МНТ