Утрински Весник
Економија

Мицкоски: За 5 години владата на СДСM го зголеми јавниот долг за 2,916 милијарди евра

Мицкоски: За 5 години владата на СДСM го зголеми јавниот долг за 2,916 милијарди евра

„Во периодот од 1ви јануари 2018 година до 31ви декември 2022 година, за пет години владата на СДСМ го зголеми јавниот долг од 4,787 милијарди евра на 7,703 милијарди евра, или за 2,916 милијарди евра, а државниот долг за истиот период е зголемен од 3,958 милијарди евра на 6,581 милијарди евра, или за 2,623 милијарди евра“ објави на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Тој смета дека „зголемувањето на јавниот и државниот долг во последните пет години е поголемо од зголемувањето на јавниот и државен долг за периодот од претходните четиринаесет години, од 1ви јануари 2003 година до 31ви декември 2016 година“.

„За пет години успеаа да го зголемат јавниот и државен долг повеќе отколку претходните влади за четиринаесет години.
Криминал и корупција. Тендери во четири очи. Пљачка и лаги. Потребни се избори за Македонија да почне да победува. Потребни се избори за крај на политичките криминалци и измамници“ пишува Мицкоски.

Можете да прочитате

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Кочоска: За време на 7-годишно владеење на СДС просечниот раст на БДП беше 1,6%, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа растот на БДП да го донесе на над 3%

Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци, а вработува партиски кадри пред изборите