Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Во моментов не гледам причина, зошто би организирал уште една лидерска средба со Филипче

Mickoski filipce.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за како би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања.

Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба вели дека досега веќе имале една лидерска среба со лидерот на СДСМ, Филипче.


-Па добро често пати ме канат на лидерски средби. Ние имавме една лидерска средба со господинот Венко Филипче. Доколку би имало потреба од таква лидерска средба не гледам зошто да не би ја организирале. Но, во моментов не гледам таква причина, зошто би организирале лидерска средба, уште една, вели Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на договорите за инфраструктурни проекти со единиците на локалната самоуправа во рамки на вториот повик објавен од Владата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ ги откри кандидатите за 16 општини – Куманово и Центар поддржани од коалицијата ЗНАМ

Шумска мафија: Кривична пријава за шестмина за штета од над 170.000 евра

Во Македонија денеска регистрирани 17 пожари – два сè уште активни