Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Владата согласно закон ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни

20251111103530 big 730x400 84.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе именува повереници во општините каде ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори откако ќе добие известување од Државната изборна комисија.

-Апсолутно дека тоа ќе го направиме согласно закон, а за тоа да го направиме треба прво да добиеме известување од Државната изборна комисија (ДИК) дека изборите се завршени и дека во тие четири општини изборите се неуспешни и потоа Владата ќе именува – изјави премиерот Мицксоки во одговор на новинарско прашање дали Владата ќе именува повереници во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово Ростуше каде не беше постигнат потребниот цензус за излезност на локалните избори.


Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, Изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата. По добивањето на известувањето Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот.

Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереникот го известува претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник. 

Можете да прочитате

Инцидент во Кратово: Шестмина навивачи пријавени за навредливо скандирање на натпреварот Силекс – Шкупи

„Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет” – Сиљановска-Давкова во работна посета на Ресен

Дурмиши: Нови дигитални алатки и посилна инспекција за заштита на работниците