Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти

20260324115106 big 730x400 73.webp.webp

Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполнети – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“, Мицкоски рече дека Уставниот суд, најверојатно, веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека набргу можеби ќе има готов документ кој, како што напомена, кога ќе има политички услови, ќе биде донесен.


Како што рече, во овој контекст, неговото присуство на денешната тркалезна маса е силна порака.

– Претпоставуваме дека Уставниот суд веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон. Се надевам дека набргу денеска може да се излезе со таков предлог-закон, да се има јавна дебата, да се чуе мислењето на јавноста и на стручната фела, да има готов документ и кога ќе има политички услови за такво нешто, да биде донесен, во моментот Владата не размислува за отворање на Уставот и политичките услови за тоа не се исполенти – нагласи Мицкоски. 

Можете да прочитате

Тошковски: Новата систематизација во МВР ќе ја намали раководната структура за над 30 проценти

Милановиќ: Членството во ЕУ е „декорација“, Македонија е држава, а тоа е најмногу што може да се има

Кривична за четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз различни основи