Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61, a сега да им простат на едно чудо криминалци

(Видео) Мицкоски: Понудата за дупло поевтина струја сè уште стои

Минатиот пат требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61. Сега овој пат треба да им простат уште едно чудо криминали на истите криминалци кои им прават притисоци на нивните пратеници и да им закрпат мнозинство, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој најави зголемување на парламентарното мнозинство.

dobivaj vesti na viber

„Во суштина главното прашање е, што ќе добијат граѓаните од поголемото мнозинство за кое говори Ковачевски. Знаеме што ќе добијат криминалците, но што ќе добие народот. Што ќе се промени? Ќе живеат ли подобро?

Наместо да го пуштат Ковачевски вака неуверливо да ја спасува работава, можеа да го пуштат Али да го соопшти истово. Но очигледно слугата оди пред газдата“, наведе Мицкоски на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Пожарот во близина на Самоков е изгаснат – фабриката е целосно безбедна

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група