Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Со менаџментот на „ЛИДЛ“ маркети разговарав за условите за инвестирање, секој кој сака да вложи може тука да го стори тоа

Lidl.jpg

Премиерот Мицкоски посочи дека има нагорен тренд на извозот производи од македонски компании во „ЛИДЛ“ маркетите насекаде во Европа и потенцираше дека доколку се сака се може.

-Извозот кој што е сега добар, да речеме има нагорен тренд се дуплира, очекуваат од неколку стотини илјади евра во 2022 година, на два и пол милиона 2023 година, сега е 2024/2025 пет или шест милиони да биде извоз на производи од македонски компании во „ЛИДЛ“ маркетите насекаде во Европа да биде зголемен, да биде 10, 50 зошто да не и 100 и ценам дека доколку се сака се може, кажа премиерот.

-Очекувам дека македонските производители заедно со раководството на компанијата „ЛИДЛ“ ќе работат во насока на постигнување на квалитетот, на нормите што ги побарува компанијата за цена којашто е прифатлива за македонските граѓани, рече премиерот Мицковски и додаде:

Јас ги охрабрувам, а ние како Влада се што е во наша моќ ние ќе испорачаме, без посредници, без провизии, без дај ми нешто па јас го знам овој оној во таа општина па ќе ви завршам работата, такви работи нема да има повеќе, такви пречки ќе нема, ние како Влада застануваме и секој оној којшто до сега мислел дека е некаков си посредник за олеснување на некого ќе мора да бара друга работа.

Можете да прочитате

Затвореник баран со потерница украл возило па излетал од патот

86годишна жена измамена за 10.000 евра

Министерот Николоски тврди дека „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“ го напаѓаат владиниот план за влез на унгарски „4iG“