Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање информираше дека на почетокот од следната недела ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ, за да разговараат за нивните барања, потенцирајќи дека само така ќе се дојде до решение коешто ќе биде успешно.
„Ние често пати зборувавме дека начинот којшто го одбраа синдикалците, не е начин за да се реализираат барањата, и да се надминат сите овие работи. Апсолутно следната недела на почетокот ќе се сретнам, нормално во зависност од нивното расположливо време. Јас денеска од овој настан ќе појдам во Владата, имам од два часот редовни состаноци, да го видам како е распоредот, ќе им предложиме два-три термина, нека изберат еден. Ќе се сретнеме, ќе разговараме, ќе ги анализираме заедно работите, меѓу другото се подготвува и состанок на Економско-социјалниот совет, ќе можеме и таму да разговараме. Така што само со разговор се решаваат работите. Само со разговор можеме да дојдеме до решение коешто ќе биде успешно“, изјави премиерот Мискоски.