Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Села го згрешил човекот

Miczkoski sela.jpg

Премиерот Мицкоски вели дека воопшто не ги слушнал условите кои Села ги поставил за да стане дел од владејачкото мнозинство. Тој вчера во гостување на Топ Тема на ТВ Телма рече дека тој во принцип не функционира врз ултиматиуми и условувања.

„Во принцип не, не работам под ултиматуми или условувања. Никогаш во животот не работам и тоа е погрешен пристап да се комуницира со мене. Мислам, ако некој мисли дека со ултиматуми или услови ќе ме омекне или привлече, мислам дека тоа е најпогрешниот пат кој го одбрал.“ – реле Мицкоски.

Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, во интервју за албанските медиуми рече дека нема да седне да разговара за влез во владината коалиција, доколку таа претходно не прифати уставни измени за откочување на евроинтегративниот процес, замена на терминот „20 проценти“ со „албански јазик“ и Уставниот суд да носи одлуки со Бадентер.

Можете да прочитате

Обвинителот Јанев: Јованов создаде мрежа на корупција за да го одржи незаконскиот хаос!

Јанев: Во Кочани не изгоре само ‘Пулс’ изгоре и вербата во државата

Прегазен пешак во Куманово: пренесен во болница со тешки повреди