Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Се стега обрачот околу обвинителите и судиите кои го штитат Филипче и СДСМ

Photo 2025 10 12 19 06 46.jpg

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Свети Николе остро ја критикуваше опозицијата, обвинувајќи ја дека со години ја уништувала државата и ја држела на дното.

„Секој од вас, длабоко во себе знае дека луѓето од опозицијата кои се нудат за алтернатива се луѓе кои Македонија со години ја упропастуваа и ја држеа силно закована на дното. Луѓе кои не изградија ништо за народот, а за себе си обезбедија привилегии, удопства, дворци, хациенди и замоци“, изјави Мицкоски.


Тој додаде дека опозициските функционери се соочуваат со „време на одговорност“, бидејќи, како што рече, „се стега обрачот и околу нив и околу оние кои упорно ги штитат“.

„За тие што ги штитат, пак, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе каже дека биле големи професионалци, а тие кои што ги штитат и се нивниот последен бастион, се малкумина обвинители и судии, и поради нив денеска довербата на народот во обвинителите и судиите е скромни 2 проценти. Тие два проценти доверба се последица на секој неказнет криминал, на сознанието дека повеќе од 100-тина пријави држат во фиоки и ја штитат својата политичка олигархија по секоја цена. Тие малкумина се нивните лакеи и измеќари, кои што се уште и служат на претходната влада на СДСМ и ДУИ“, изјави Мицкоски.

Тој порача дека за СДСМ овие избори „не се избори за спас на Македонија, туку избори за спас на нивните лични кариери“, и ги повика граѓаните на масовна излезност на 19 октомври.

„Затоа ве повикувам на 19-ти октомври да гласате масовно за дела, поддржете го нашиот кандидат за градоначалник на општина Свети Николе, Дејан Владев. Човек кој е вистинскиот избор за тебе, твоето место и твојата иднина, докажан како чесен и посветен во Свети Николе“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

„Отворен ден со Царинската управа” во Куманово: околу илјада посетители се запознаа одблизу со оперативното работење на Мобилна Царина

Малолетник удрен од автомобил во Скопје

Сопругата на Мицкоски, Рози, на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп: