Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се сретна со турскиот министер Фидан

05092024 Mickoski 3.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска оствари значајна средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

На средбата се разговараше за долгогодишното пријателство помеѓу двете држави, за актуелната политичка и економска состојба, како и за напредокот на Северна Македонија кон Европската Унија.

Премиерот Мицкоски истакна дека економската и политичката соработка помеѓу двете држави е од огромно значење и дека има потреба од нејзино понатамошно продлабочување. Во тој контекст, беа дискутирани можностите за зголемено учество на турските компании во македонската економија и за нови инвестиции од Турција.

Како НАТО сојузници, Мицкоски и Фидан ја нагласија важноста на мирот и стабилноста во регионот, потенцирајќи дека дипломатијата останува клучна за решавање на сите конфликти.

Мицкоски нагласи дека турското пријателство е од огромна важност за нашата земја, а турската заедница има значаен придонес во општествениот живот и економијата на Македонија. Воедно, беше истакнато дека Турција е докажан поддржувач и пријател на нашата земја и дека постои простор за продлабочување на односите во повеќе области.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!