Утрински Весник
Економија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

Mickoskimacut.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес во Владата оствари средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во официјална посета на нашата земја.

Двајцата премиери разговарале за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување. Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки.


„Премиерот Мицкоски истакна дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан. Премиерот Мацут изрази поддршка за реформските процеси во државата и нагласи дека Белград и Скопје ќе продолжат да соработуваат на заеднички проекти кои се во интерес на граѓаните на двете земји. Двете страни се согласија дека продлабочувањето на пријателските врски меѓу двете држави претставува значаен придонес за регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан“ соопштуваат од владината прес служба.

Можете да прочитате

Откупната цена на македонското јагне се движи од 260 до 280 денари

И подкупот поскапе, 50.000 евра стартна цена

Цените на нафтата се намалија