Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се сретна со претставници на нафтената индустрија

Mickoski pres .jpg

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски се сретна со претставници на нафтената индустрија. Мицкоски информираше дека на средбата е утврдено дека се е под контрола.

„Имав средба со претставници на нафтената индустрија во државата. Разговаравме за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија. Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат. Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби.“, објави премиерот на фејсбук.


Можете да прочитате

Пронајдена дрога кај стружанец – 24info.mk

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел

Хоџа на увид во Струга: Современ водовод, пат со пешачка патека и градење на колекторскиот систем Радожда-Калишта за Стружани