Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се сретна со херојот Јован – Алкалоид му додели четиригодишна стипендија

Img 5826.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски денес се сретна со Јован Костадинов, младиот херој од Виница, кој во најкритичниот момент покажа неверојатна храброст и пожртвуваност, спасувајќи 21 живот од огнената стихија во Кочани.

„Јован, со само 19 години, направи нешто што малкумина би се осмелиле. Без размислување, влезе во запалениот објект и извлече 21 човек од сигурна смрт. Тој е симбол на човечност, одговорност и бескрајна посветеност кон другите,“ напиша Мицкоски.


Како знак на признание за неговиот извонреден чин, компанијата Алкалоид ќе му додели стипендија, поддржувајќи го неговото образование и иднина. Оваа иницијатива е доказ дека општеството ги препознава и вреднува вистинските херои меѓу нас.

„Јован е светлина во моменти на темнина. Неговото име ќе остане запишано како инспирација за сите нас – за да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија,“ порача премиерот.

Чинот на Јован Костадинов е доказ дека храброста нема возраст и дека вистинските херои не носат наметки, туку срце полно со човечност.

Можете да прочитате

Миланов најавува изградба на кафилерија и гробишта за миленици

До февруари се очекува да заврши рехабилитацијата на патниот правец преку превојот Пресека, најави Николоски

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари