Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Сакаме да бидеме членки на ЕУ, но не по секоја цена

E9703c1d 3e70 2a58 d4b3 c91d42078086.jpg

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во „Само Интервју” на телевизија Канал 5, се осврна околу блокадите од страна на Бугарија и условите кои и ги поставуваат на државата за влез во ЕУ.

Премиерот потенцираше дека Македонија нема да стане членка на ЕУ по секоја цена, затоа што овој народ и Македонија дале премногу изминативе повеќе од 30 години.


„Сите сме за ЕУ, и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Затоа што да беше ова прво нешто, нема никаков проблем ќе седневме ќе разговараме. Овој народ, и овие граѓани и оваа држава дала премногу како никој друг што не дал, и преку глава им е на граѓаните од таков тип политика, сега или никогаш, прозорецот е отворен, сега е моментумот, од Солана го слушаме”, рече Мицкоски.

Претседателот на Владата, Мицкоски кажа дека, не се ова први измени што се бараат, тој потенцира дека се менуваше нашиот идентитет, од знамето до името, се тоа е дел од основните темелни вредности на еден идентитет, атрибути коишто го дефинираат идентитетот, истакнувајќи дека во минатото еден по еден овие атрибути се менувале, а за разлика од тогаш, сега тоа нема да биде случај.

„Тоа што сега го правиме ќе има влијае во иднината, и тогаш тие генерации ќе судат кој што правел и како прави”, дециден е Мицкоски.

Можете да прочитате

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово

(Фото) Камион вечерва гори на автопатот Скопје – Тетово

Локализирани поголем дел од пожарите во Куманово и Старо Нагоричане