Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Работиме на мега инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку милијарди евра

14032025 Mickoski 1.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавениот инфраструктурен бум и дали Владата, освен патиштата и пругите што се градат, планира нешто ново, информираше дека очекува многу добри вести за македонските граѓани, во текот на месец, април и мај. Станува збор рече тој, за еден меѓувладин договор, којшто би ги потпишале со многу моќна европска земја, којшто се мери во милијарди, а ќе биде наменет за проекти, во инфраструктурата и во здравството.

„Очекувам, добри вести за македонските граѓани, во текот на месец април и мај. Очекувам, многу добри вести на еден би рекол меѓувладин договор којшто би го потпишале, со многу моќна европска земја. Којшто ќе се мери во милијарди. Не во милиони, во милијарди, за проекти коишто се во инфраструктурата и во здравството, сега засега но, може тоа портфолио, и да биде зголемено. Но, очекувам ваков меѓувладин договор, ќе повторам со многу моќна европска земја, кој што ќе значи повеќе од 10% од бруто-домашниот производ.”, објасни премиерот.

Точно за кои проекти станува збор, премиерот Мицкоски рече дека прво да завршат преговорите по што, јавноста многу скоро ќе биде информирана. 

„Многу скоро ќе ја добиете и оваа информација. Да почекаме да привршат преговорите, да се завршат, тоа ќе биде исклучително позитивна вест и дополнителен пресврт. Да зборуваме за убави работи. Тоа е она коешто го сака оваа Влада, секој ден да зборуваме за убави работи.”, додаде тој. 

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош