Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: По победата на локалните избори ќе размислуваме за предвремени парламентарни избори, одлуката ќе зависи од интересот на државата

Mickoski.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и нов четиригодишен мандат, но, како што посочи, за таа одлука ќе се водат не од политичкиот туку од интересот на државата.

– Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и оној кој ја следи политиката ќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе има силна победа, посилна од таа, барем така зборуваат, во 2021 година, и логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за да се обезбеди нов четиригодишен мандат. Ако тоа го гледаме како политичка одлука би се согласил, но ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме-ние сакаме да ја ставиме државата пред се и интересот на стопанствениците, за да имате предвидлива иднина, да знаете што можете да очекувате, па дури потоа се обидуваме да го ставиме тој наш политичким интерес. Но, ќе видиме. Прво да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешниот Бизнис форум во Струмица, на кој присуствуваа стопанственици од регионот, како и министри од владиниот кабинет.


Можете да прочитате

Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена, прашува СДСМ

Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

Нови обилни врнежи од дожд и од снег доаѓаат во западна Македонија