Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Mickoski 1.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по години на, како што рече, „пустош и понижување“, сега државата се гради.

„Денеска е посебен ден овде во Свети Николе. Освен што го предвидовме како ден за дружење со граѓаните, сакавме да поминеме и низ неколку значајни проекти што заеднички ги финансираат и локалната самоуправа и Владата“, истакна Мицкоски.


Тој најави дека вториот инвестициски повик ќе обезбеди нешто повеќе од два милиони евра за развојни проекти во општината, што, според него, ќе значи решавање на долгорочни проблеми на граѓаните.

„Македонија се гради! После 7 години пустош, понижување и организирана пљачка, конечно сме во состојба кога можеме да кажеме дека државата оди напред“, потенцираше премиерот.

Освен инфраструктурните теми, Мицкоски им го честиташе Меѓународниот ден на жената – 8 Март, како и празникот Тодорица, упатувајќи искрени желби за здравје, среќа и успех на сите граѓани.

Можете да прочитате

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!