Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка

Mickoski pres .jpg

Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка, иако е логично да има политичка димензија, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

-Ние ја водиме Владата и дадовме шанса година и половина, како ниедна влада досега, на наследен јавен обвинител да се размавне со неговиот тим. Ги видовме резултатите и не сме задоволни. Логично е да влеземе во процес за избор на јавен обвинител од кој очекуваме многу повеќе, нагласи Мицкоски, охрабрувајќи ги сите кои се чувствуваат компетентни да се пријават.

Според законот, кандидатите мора да доаѓаат од јавнообвинителската служба со најмалку 10 години искуство или да бидат кривични судии.

– Не може сега истакнати правници, таков е законот. Сега од овој базен треба да очекуваме да се пријават кандидати. Логично е од обвинителството да се пријавуваат кандидати коишто се минимум во вишите обвинителства во апелационите подрачја и претпоставувам оние јавни обвинители од државното јавно обвинителство, како и кривични судии коишто се кривичари коишто очекуваме да поднесат свои апликации, додаде премиерот.

На прашањето дали има фаворит, Мицкоски одговори дека нема и ги охрабри сите кои сакаат правда и право во државата да се пријават.

Можете да прочитате

Филипче: Димитријевиќ останува Ген Сек, Трајановски потпретседател на СДСМ

Министерката не одговори зошто се скратени парите за ретки болести – одговорноста била во Здравство

Мицкоски: Го вративме името, дури и Венко и СДСМ користат само Македонија без северна