Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Штип: Продолжуваме да испорачуваме проекти за граѓаните за подобар живот

14032025 Mickoski 1.jpg

-Јас немам што да додадам на тоа што веќе го кажаа претходните говорници. Мислам дека прилично исцрпно и детално ве информираа и вас, претставниците на медиумите, но и граѓаните.

Мене ми преостанува само да им честитам на градоначалниците за работата и за резултатите кои што ги испорачуваат на граѓаните во општините во кои што се градоначалници и Штип и Карбинци. Убеден сум дека и во годините кои што следат ќе продолжат со несмалена динамика.


Истовремено, им честитам и на советите и на администрацијата што ја следат работата на градоначалниците и убеден сум дека во годините кои што следат ќе испорачаме уште многу резултати насекаде низ целата територија на Македонија, во сите општини, затоа што наш приоритет претставува квалитетот на живот на нашите граѓани. И без разлика дали се тоа општини каде што има градоначалник од редовите на владејачкото мнозинство или пак од опозицијата или пак некој независен градоначалник, оваа Влада е посветена целосно на овие речиси 26.000 квадратни километри на секое парче да инвестира.

Сакам да им се заблагодарам и на колегите од Владата за неуморната работа, за енергијата, за ентузијазмот, за инспирацијата која што ја имаат и проектите што ги реализираат. Не само на централно ниво, туку и, помагајќи ги општините, на локално ниво.

Знам дека уште многу убави работи во периодот што следи ќе објавивме заедно за граѓаните, а посебно за Штип и општините околу Штип. Така што со несмалена динамика продолжуваме да испорачуваме.

Голема благодарност и до пратениците во македонското Собрание кои што навистина со својата работа исто така инспирираат, работат, се борат за своите општини, за проект повеќе. И убеден сум дека една ваква хармонија на локално, на централно ниво и во рамките на Парламентот со огромното мнозинство коешто го има оваа влада, ќе продолжи и во иднина и ќе испорачаме за доброто на сите граѓани, за подобар живот. Впрочем, тоа беше и нашата цел, еве речиси една година од изборите, да биде Македонија повторно на граѓаните. И мислам дека до сега успеваме да ја вратиме, рече Мицскоски во изјава за медиумите.

Можете да прочитате

ЛЕТО ВО МАКЕДОНИЈА: И денес измерени максимални 30 степени!

МОН распиша конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик

До крај на месец ќе се знаат повеќето кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, Mицкоски најави историска победа