Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од семинарот на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“: ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите

20250426083529 big 730x400 38.webp.webp

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ – ,,Љубиша Георгиевски” во соработка со ИФЕС денес и утре одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема – ,,Модернизирање на комуникациските стратегии за локалните избори 2025″ на кој учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ИК на партијата.

На семинарот со свое обраќање на присутните им се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој кажа дека партијата е во контакт со членовите и граѓаните и дека секојдневно се унапредува комуникацијата со членовите и граѓаните.


Претседателот Мицкоски потенцира дека партијата е во врвна кондиција и дека се очекува огромна победа на претстојните локални избори.

Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ е огромна, а особено заради енормниот број на завршени проекти.

Претходно свое обраќање имаа и генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски и раководителот на ПИАЦ Светислав Васев, кои се обратија во делот на теренските активности и комуникацијата.

Во текот на денот предавањата беа одржани од Кристијан Седак, професор комуниколог од Хрватска.

Можете да прочитате

За 1-ви мај ќе биде многу поветровито, но постабилно и релативно суво!

Левица: Ниту еден актуелен началник осомничен за Кочани – Тошковски ги штити своите партиски кадри

Откриени злоупотреби на државно земјоделско земјиште за преку 2000 хектари, контролите продолжуваат