Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Мечкин Камен: И денес граѓаните во Македонија се борат за индентитетот и иднината

Мицкоски од Мечкин Камен: И денес граѓаните во Македонија се борат за индентитетот и иднината

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денес присуствува на свеченоста на Мечкин Камен по повод Илинден, рече дека овој празник за сите нас претставува темел на нашиот идентитет, борба за државност.

dobivaj vesti na viber

„И овој ден Илинден претставува водилка како треба да живееме и како треба да ја чуваме нашата држава Македонија во иднина.  А само тоа место Мечки Камен одекнува и денеска, има големо и силно значење и денеска, затоа што во една нерамноправна борба четата на војводата Питу Гули борејќи се со повеќе броен аскер го положи својот живот, даде жртва за слободата која што ние денеска ја живееме“, рече Мицкоски.

Додаде дека и денес македонскиот народ, граѓаните во Македонија покажуваат пркост и знаат за што се борат, а се борат за својот идентитет, за својата држава и достоинствена иднина.

„Денеска од претставниците на власта ќе слушнете многу изјави, но додека ги зборуваат тие изјави пред медиумите знајте дека под маса договораат дополнително да го распродадат македонскиот супстрат и македонскиот идентитет за ден повеќе во фотелјите и ден повеќе да можат да ја пљачкаат и крадат Македонија.

Но, пораката за единство на македонскиот народ е пред и над се, и тоа е порака која што денеска ја упатуваме од овде, од Мечкин Камен, затоа што кога македонскиот народ, кога граѓаните во Македонија се единствени, дури ни таков тип на политичари немаат никаков ефект и ништо не можат да направат. Само единствени ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е Македонија која што ќе биде просперитетна, Македонија мајка на сите граѓани, развиена, Европска земја“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

СДСМ Прилеп: Заради протест на вработените, прилепчани останаа без градски превоз

Во вториот квартал пад од 6,3 проценти на патниците со автобус на годишно ниво

Левица: ДПМНЕ преку Еразмус+ дели пари на универзитетот на Мерко наместо да го затвори